Барселона може да го продаде голманот Марк-Андре тер Штеген, објави „Кадена Сер“. Клубот може да тргне по тоа за да може да ги регистрира новите засилувања.
Платата на Марк-Андре Тер Штеген е 7 милиони евра и ќе расте следната сезона. Продажбата на голманот може финансиски да му помогне на клубот. Сепак, опцијата за продажба на Тер Штеген би можела да се примени доколку клубот не успее да постигне договор со играчот од средниот ред Френки де Јонг.
Претходно беше објавено дека Барселона му поставила ултиматум на Де Јонг. Играчот мора или да прифати намалување на платата или да го напушти клубот. Во исто време, холандскиот играч за врска им порача дека нема да ја напушти Барселона.

