Раководството на Барселона е подготвено да го прекине долгорочниот деловен однос со спортскиот бренд Најк поради незадоволството од висината на приходите што каталонскиот клуб ги добива од спонзорскиот договор со американската компанија. Ова го пренесува шпанскиот „Спорт.ес“.
Според изворот, соработката со Најк и овозможува на Барселона да го надополнува буџетот за 155 милиони евра секоја сезона. Сепак, раководството на Барселона смета дека оваа сума е под она што тие треба да го добиваат. Се нагласува дека каталонскиот клуб е подготвен да не ги прекинува односите со американската компанија доколку ги преиспита условите од нивниот спонзорски договор. Во моментов, брендот „New Balance“ покажува интерес да стане нов партнер на Барселона.
Каталонскиот клуб исто така не е задоволен од некои дизајнерски одлуки на Најк и нивниот пристап кон работата со своите играчи.
Да потсетиме, Барселона со Најк соработуваат од 1998 година.

