Раководството на Барселона очекувано го ослободи спортскиот директор Ерик Абидал. Од страна на медиумите во Каталонија денес беше објавена информацијата дека клубот му дал отказ на својот спортски директор.
Французинот беше на оваа позиција од 2018 година. Во минатата сезона, тој влезе во судир со играчите заради некои од неговите барања. Неговите решенија за трансфер, исто така, беа сериозно критикувани.
Поранешниот дефанзивец на Барселона заминува преку задниот влез, а кој ќе го замени сеуште не е познато. Ова е втора одлука на Управниот одбор во последните 24 часа по разрешувањето на тренерот Кике Сетиен.