Барселона планира да го испрати напаѓачот Антоан Гриеман во друг клуб, велат медимите во Италија. Каталонците му понудиле на францускиот напаѓач три клуба – ПСЖ, Интер и Јувентус.
Барселона е подготвена да го размени Гризман за Нејмар, Лаутаро Мартинез, Даглас Коста или Адриен Рабио. Претходно беше објавено дека Барселона има намера да го засили составот на тимот со напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез. 22-годишниот Аргентинец е главна цел на Барселона во следниот преоден рок. Како замена, Интер разгледува неколку опции, од кои едната е напаѓачот на Барселона Антоан Гризман.
Обештетувањето на Мартинез се 111 милиони евра, за Гризман е 120 милиони евра. Оваа сезона во Ла Лига, Гризман учествуваше на 32 натпревари, на кои постигна 8 голови и 5 асистенции.