Барселона во следниот период ќе мора да игра без Роналд Араухо и Жил Кунде. Според информациите од шпанските медиуми, клубот потврдил дека прегледите направени вез Араухо потврдија дека тој имал пукната тетива на мускул во десната бутина. Оваа повреда ја доби на натпреварот на репрезентацијата на Уругвај против Иран (0:1).
Повреда има и Кунде, кој според информацијата има пукнат бицепс на феморисот. Засега не се знае точната пауза која треба да ја направат, но најавата е дека тоа ќе биде период од 3 до 4 недели.