Раководството на Барселона нема намера да го продава Самјуел Умтити во текот на летото. Во последниве месеци има многу шпекулации за иднината на Французинот.
Интересот за него не недостасува, меѓу кандидатите за неговиот потпис се Манчестер Јунајтед, Арсенал, Јувентус и други.
Според вестите од францускиот весник „Л‘Екип“, Умтити сигурно ќе остане на „Камп Ноу“ и следната сезона: „Тој ќе остане кај нас, бидејќи сакаме да продолжи да го носи дресот на Барса. Верувам дека ќе се врати 100% здрав и подготвен”, изјавил извор близок до раководството на Барселона.
Францускиот дефанзивец има договор со Барселона до 2023 година, а во него стои откупна клаузула во висина од неверојатни 500 милиони евра.