Барселона не планира да го отпушти тренерот Чави откако тимот не успеа да се квалификува во нокаут фазата од Лигата на шампионите, објавија неколку медиуми во Шпанија.
Според истите, Чави е недопирлив во Барселона. Клубот очекува да постигне успех во иднина, а тимот ќе продолжи да се гради под водство на шпанскиот стручњак. Да потсетиме, Барселона во 5. коло беше поразена од Баерн со резултат 0:3. Претходно Интер ја победи Викторија Плзен и им ги одзеде шансите на Каталонците за нок-аут фазата во ЛШ.
Барселона вторпат по ред под водство на Чави не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Во пролетниот дел од европските купови, тимот ќе игра во Лига Европа. Чави е на чело на каталонскиот клуб од 2021 година. Неговиот договор со тимот е до 2024 година.