Барселона оваа зима нема да потпише со дефанзивецот на Баерн Бенжамин Павард. Ова на Твитер го објави инсајдерот Фабрицио Романо.
На Каталонците многу им се допаѓа дефанзивецот на Баерн, но клубот размислува да го ангажира за следната сезона, што значи дека преговорите треба да се водат на лето, а не сега. 26-годишниот репрезентативец на Франција е заинтересиран за преселба во Барселона.
Павард оваа сезона за Баерн имаше 23 настапи во сите натпреварувања и постигна четири гола. Баерн се наоѓа на првата позиција во германското првенство, пред Унион Берлин со еден бод предност.
Претходно, клубот од Минхен потпиша договор со португалскиот дефанзивец Жоао Кансело, кој настапуваше за Манчестер Сити.