Најверојатно Осман Дембеле нема да се појави на теренот за Барселона против Наполи на натпреварот кој се игра за осум дена, пишува „Диарио Спорт“.
По краткиот одмор на тимот, францускиот играч се врати на тренинг , но продолжува да се подготвува индивидуално. Според каталонскиот весник Барселона не планира брза со вклучувањето на Дембеле во игра, бидејќи тој е надвор од терените речиси шест месеци.
Според истиот извор од Барселона се подготвени да ги разгледаат сите понуди за Осман Дембеле. Во оваа фаза има заинтересирани клубови, но нема предлози. Барселона сака да му даде повеќе простор за развој на 17-годишниот Ансу Фати.