Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона нема да се врати на „Камп Ноу“ пред стартот на новата сезона
    Фудбал

    Барселона нема да се врати на „Камп Ноу“ пред стартот на новата сезона

    risteBy riste18/12/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Барселона нема да може да се врати на „Спотифај Камп Ноу“ оваа сезона, пренесува „Марка“.  Според ова тимот ќе остане на „Монжуик“, каде што е веќе втора сезона.

    Домот на Каталонците се реновира, но се испостави дека работите за реконструкција се одвиваат побавно од очекуваното. Има и некои технички аспекти и параметри кои се уште не се прецизирани, како што е изградбата на нови излези за итни случаи, како и засејувањето на тревата на теренот.

    Првичниот план беше дел од објектот наскоро да биде отворен и да има натпревари, но со помал капацитет, а на останатите површини да се работи. Како и да е, УЕФА има услов сите домашни натпревари од главната фаза на клубот во Лигата на шампионите да бидат на ист стадион.

    На Барса и остана уште еден таков – на 29 јануари 2025 година. Поради оваа причина, од Барселона пред извесно време одлучија дека не вреди да се вратат на „Камп Ноу“ за натпреварите во Ла Лига, а во исто време мора да продолжат да играат на „Монжуик“ во Лигата на шампионите.

    Сепак, веста за одложувањето на реконструкцијата значи дека тимот на Ханзи Флик речиси сигурно ќе ја помине целата сезона на Олимпискиот стадион во Барселона пред да се врати дома за стартот на следната сезона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.