Манчестер Јунајтед понуди 100 милиони евра за напаѓачот на Барселона Ансу Фати , но беше одбиен, пренесува пшпанскиот „Sport.es“.
Според изворот, од Манчестер Ј. дале конкретна понуда за напаѓачот, но играчот е интересен и за уште неколку клубови во англиската Премиер лига. Сепак, и покрај големата сума и тековната финансиска криза предизвикана од паузата поради пандемијата на коронавирусот, предлогот беше одбиен. Одлуката ја донесе лично претседателот на Барселона, ,Јозеп Марија Бартомеу.
Тој изјави дека Фати не е на продажба и дека Каталонците нема да влезат во преговори за играчот. 17-годишниот Ансу Фати е дете на Барселона. Оваа сезона напаѓачот постигна 4 гола на 16 натпревари во Шпанија. Тој имаше и 1 асистенција, а доби два жолти картони.