Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона официјално е обвинета за случајот со поранешниот судија Негреира
    Фудбал

    Барселона официјално е обвинета за случајот со поранешниот судија Негреира

    risteBy riste10/03/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Барселона сега и официјално е обвинета за случајот со поранешниот судија Хозе Марија Енрикез Негреира, кој беше објавен во јавноста. Шпанското обвинителство го окарактеризира потенцијалното кривично дело како долгорочна корупција во областа на спортот. Сепак, клубот е обвинет за несоодветно управување и фалсификување на комерцијални документи.

    Обвинети се поранешните претседатели на клубот Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и поранешните извршни директори Алберт Солер и Оскар Грау.

    Причина за обвинението во случајот Негреира се исплатите вредни близу 7 милиони евра, кои Барселона му ги направила на поранешниот потпретседател на локалната судска комисија, Хозе Марија Енрикез Негреира, во замена за давање „вербални совети“. Истрагата за случајот започна во мај минатата година поради даночните неправилности на компанијата на Негреира, Даснил СЛ.

    Официјално, во предметното обвинение се наведува дека, во улога на потпретседател, Негреира, за пари, презел дејствија што ќе и овозможат на Барселона да има корист од судиските одлуки на нивните натпревари.

    Дотичниот човек од својата позиција имаше збор при оценувањето на судиите и одлучувањето кои да се движат нагоре или надолу во нивните категории, како и кои ќе бидат понудени како меѓународни судии.

    Како поединец, Бартомеу ризикува да биде осуден меѓу 6 месеци и 4 години затвор, парична казна и дисквалификација.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.