Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона официјално го претстави Илкај Гундоган
    Фудбал

    Барселона официјално го претстави Илкај Гундоган

    risteBy riste17/07/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Германскиот репрезентативец и актуелен освојувач на Лигата на шампионите, Илкај Гундоган и официјално денес беше претставен во новиот клуб, Барселона. Фудбалерот пристигна од Манчестер Сити и се очекува да биде огромно засилување за Каталонците. 

    Договорот беше потпишан уште пред еден месец, но денес се случи официјалното претставување на играчот, а навивачите сметаат дека ова е одличен трансфер. Се работи за извонреден играч кој има многу трофеи позади себе, а воедно е неизоставен дел од германската репрезентација, и покрај тоа што веќе има полни 32 години. 

    За Гундоган не треба да се трошат премногу зборови, се знае дека тој е еден од најдобрите светски фудбалери на неговата позиција. Искуството што го собираше во Борусија Дортмунд и Манчестер Сити е од непроценливо значење за Барселона која добива топ-засилување за својата ротација. 

    Гундоган доаѓа во Барселона после цели седум сезони минати во дресот на Манчестер Сити, а последнава сезона ја круниса со освојувањето на тројната круна со Манчестер Сити кој стана само вториот англиски тим кој успеал да стигне до ова неверојатно остварување, а токму капитенот Илкај Гундоган го крена престижниот трофеј по финалето од Лигата на шампионите. 

    Се претпоставува дека Гундоган во Барса ќе заработува 7,7 милиони евра по сезона, а договорот е со важност на две години, со можност за продолжување на соработката. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сергеј Ребров го објави списокот на играчи за мечот со Македонија

    26/09/2023

    Прекинатото дерби Ајакс- Феенорд ќе се доигра утре

    26/09/2023

    Рајс е полесно повреден, викендов се враќа на терен

    26/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давидовски по трофејот на Монца: Кога си во иста секунда со противникот …
    • Сергеј Ребров го објави списокот на играчи за мечот со Македонија
    • Прекинатото дерби Ајакс- Феенорд ќе се доигра утре
    • Рајс е полесно повреден, викендов се враќа на терен
    • Само што го купија Онана, Манчестер Ј. сега гледаат нов голман
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.