По поразот во 1/4-финалето на Лигата на шампионите со ПСЖ (1:4, вкупен резултат 4:6), Барселона стана тим кој пет години по ред не стигнал до полуфиналето на Лигата на шампионите.
Последен пат Барселона стигна до оваа фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019 година, каде што загубија од Ливерпул (првиот натпревар – 3:0, вториот 4:0).
Да потсетиме, Барселона синоќа поведе со 1:0, но потоа следуваа 4 гола на ПСЖ за победа и пласман во полуфиналето каде ќе играат против Борусија Дортмунд.