Раководството на Барселона ги тргна откупните клаузули на шест играчи и смета дека е потребно под итно да се раздели од нив.
Ова може да се случи во текот на летото, но ако се појават интересни понуди, некои играчи може да заминат во јануари.
Причините за ова се различни, Рафиња, Сампер и Денис Суарез имаат мала минутажа. Осман Дембеле е непостојан во настапите и не може да се навикне на ситуацијата во Барселона, Мунир одбива да го продолжи новиот договор, а Самуел Умтити е сериозно повреден и ако повредата не ја санира до следниот месец, може да биде продаден.
Освен наведените кон излезот на „Камп Ноу“ гледаат уште Малком, Артуро Видал, Томас Вермаелен и Јаспер Силесен, но за нив е сигурно дека барем ќе ја завршат сезоната на „Камп Ноу”.