Шпанскиот шампион Барселона на стартот на новата сезона во Ла Лига одигра само 0:0 на гостувањето кај Хетафе и продолжи со неверојатната црна серија на гостувањата на овој стадион. Имено, Хетафе четири сезони по ред ја спречува Барселона да постигне гол на овие гостувања.
Каталонците веќе 4 години не можат да постигнат гол на стадионот Алфонсо Перез. На претходните два меча исто така беше 0:0, а во сезоната 2020/21 победи Хетафе со резултат 1:0.
Последен пат во седумдесетите години на минатиот век се случио Барса да не успеа да постигне гол против ист противник на гости 4 години по ред и тоа против екипата на Саламанка.