Барселона планира да даде многу интересен предлог, со што ќе се обиде да го добие Еден Азар пред Реал Мадрид кој исто така е во битка за големата ѕвезда на Челзиј.
Според шпанските медиуми каталонците планираат да го вклучат во својата понуда Осман Дембеле, за кого минатата сезона платија 105 милиони евра плус 40 милиони во форма на бонуси.
Претходно оваа недела медиумите во Франција открија дека Азар веќе му кажал „да” на Реал Мадрид, но допрва двата клуба треба да ја договорат трансферната сума, што нема да биде воопшто лесно, бидејќи лондончани не сакаат да се разделат со големата ѕвезда.
Желбата на самиот играч сепак може да се покаже како решавачка, а тој веќе најави дека е дојдено времето да го смени клубот. Вчера новиот менаџер на Челзи Маурицио Сари најави дека ќе направи се што е можно да го задржи Азар во својот тим.