Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах би можел да ја продолжи кариерата во Барселона, пренесува „Спорт Диарио“.
Според изворот, претставниците на Египетскиот фудбалер веќе ги понудиле неговите услуги на раководството на каталонскиот клуб. Изворот пренесува дека доколку се пресели во Барселона, напаѓачот ќе мора да прифати значително намалување на платата за шпанскиот гигант да ги исполни финансиските барања на Ла Лига.
Се известува и дека Барселона не би имала ништо против да го потпише Египќанецот, бидејќи клубот е фасциниран од неговото искуство и квалитетот на неговиот фудбал, но сериозен дијалог е можен само доколку се намали платата поради тешкотиите на Каталонците.
Салах оваа сезона одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 30 гола и 22 асистенции.

