Домашниот натпревар на Барселона со Алмерија кој се игра вечерва од 21.часот ќе биде последниот натпревар за Жерар Пике во неговата кариера.
Клубот подготви трогателно испраќање за дефанзивецот, кој го бранеше дресот на клубот 14 години и има 615 настапи (петти во историјата), освојувајќи 30 трофеи.
Голем постер со порака „Семпр3“ ќе биде истакнат на „Камп Ноу“ во минутите пред првиот свиреж. „Семпр3“ е од „секогаш“ на шпански, а бројката е поради бројот на 35-годишниот дефанзивец.
Истиот збор ќе го има и на дресовите на играчите при нивното загревање на теренот, а на семафорот ќе биде пуштен специјален клип со најнезаборавните настапи на Пике во клубот.
Шпанските медиуми се уште не се сигурни дали Чави ќе го започне натпреварот со Пике од првите минути или ќе му даде шанса во финишот од натпреварот за да добие овации од трибините.