Манчестер Јунајтед ја отфрли одличната понуда од шпанскиот шампион Барселона за Пол Погба.
Според инромациите каталонците понудиле 50 милиони евра за освојувачот на светската шампионска титула плус дефанзивецот Јери Мина и фудбалерот од средниот ред Андре Гомеш.
„Црвените ѓаволи” сепак го одбиле предлогот не од фудбалски причини, туку затоа што го сметаат Погба за лицето на тимот и на тој начин ќе ја расипам својата репутација. Интерес кон 25-годишниот фудбалер има и неговиот поранешен тим Јувентус.
Тешко е да се поверува дека Погба ќе го напушти „Олд Трафорд”, бидејќи трансфер периодот во Премиер лигата се затвора во четврток во 20.00 часот. Потоа англиските клубови ќе можат само да продаваат играчи и Манчестер Јунајтед нема да успее да земе достојна замена на француската ѕвезда.