Барселона продолжува да го засилува својот состав. Откако и официјално го објавија потписот на Роберт Левандовски од Баерн (Минхен), Каталонците се блиску до финализирање на уште еден трансфер. Клубот постигна начелен договор со Челзи за Цезар Аспиликуета. Се очекува Барса за искусниот дефанзивец да плати околу 5 милиони евра.
32-годишниот Шпанец треба да го засили одбранбениот дел на тимот. Тренерот Чави Ернандез е многу заинтересиран да го има во својот тим и се чини дека неговата желба ќе биде исполнета. Договорот на Аспиликуета со Барселона ќе биде на две плус една година.
Барселона има намера да го ангажира поранешниот играч на Осасуна и Марсеј како слободен играч, но неговиот договор со Челзи беше автоматски продолжен откако тој го исполни условот да одигра најмалку 30 натпревари оваа сезона. Аспиликуета е во Челзи од 2012 година, има одиграно вкупно 474 натпревари и постигна 17 голови.
Со „сините“ од Лондон ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа двапати, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство, две титули во Англија, ФА Купот и Лига купот.

