Францускиот играч за врска Адриен Рабио би можел да се пресели во Барселона. Новинарот Жерар Ромеро објави дека играчот на Јувентус им бил понуден на Каталонците како слободен играч, а Барселона веќе најавила преговори со неговата мајка, која воедно е и негов застапник.
Италијанците и натаму се обидуваат да го продолжат договорот со него, но претставниците на играчот велат дека во моментов разгледуваат многу други опции.
Рабио одигра 32 настапи во Серија А минатава сезона и постигна 8 гола.