Шпанскиот шампион Барселона е заинтересиран за играчите на Ајакс Матијас де Лигт и Франки де Јонг кој можат да одат во друг клуб заедно.
Според шпанските медиуми, одбрандбениот фудбалер и младиот играч од средниот ред ги имаат сите шанси да се преселат во Барселона, бидејќи Шпанците веќе преговараат за нив. Оваа опција е исто така привлечна за самите играчи.
Според истиот извор, Каталонците ќе мора да платат вкупно од 140 до 180 милиони евра за двајцата играчи на Ајакс.

