Барселона е во потрага по играчи кои можат да бидат потенцијална замена за напаѓачот Луис Суарез , кој во јануари следната година ќе наполни 32 години.
Како што пренесува „Скај Спортс“, а како вест пренесена од „Дон Балон“, листата на можни алтернативи на интернационалецот од Уругвај ја сочинуваат четири играчи. Главните кандидати на Барселона се Хари Кејн (Тотенхем) и Роберто Фирмињо (Ливерпул). Во случај на неуспех во обидот да се ангажира барем еден од нив, Барселона е подготвена да се префрлат на Мауро Икарди ( Интер) или Тимо Вернер (РБ Лајпциг). Во секој случај, потенцијалното ангажирање на некој од овие играчи е планирано за следното лето.
Суарез се пресели во Барселона во летото 2014 година од Ливерпул. Оваа сезона напаѓачот учествувал на 5 натпревари од Ла Лига, во кои постигнал 3 гола и 2 асистенции.