Шпанскиот шампион Барселона е заинтересирана за потписот на играчот од средниот ред на милански Интер и хрватската репрезентација Марсело Брозовиќ , кому претходно договор му понуди и саудискиот Ал-Наср. Ова го пренесува шпанското издание на „Мундо Депортиво“.
По трансферот на поранешниот капитен на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, Брозовиќ стана главна трансфер цел на Барселона. Со оглед на интересот на Барселона, 30-годишниот Хрват допрва треба да раз,исли дали да ја прифати понудата од Ал-Наср, за кој игра Кристијано Роналдо.
Агентот на Брозовиќ, за кого трансферот на играч во саудиски клуб ќе донесе високи приходи од провизија, се приклонува кон опцијата Ал-Наср. Барселона не може да се натпреварува со саудискиот клуб во однос на платата на Брозовиќ, но му ветува добар спортски проект со кој ќе може да конкурира за титули.