Шпанската Барселона планира да го купи членот на репрезентацијата на Аргентина, Лаутаро Мартинез, а сумата која би требало да ја платат е 112 милиони евра.
Раководството на каталонскиот клуб смета дека 21-годишниот Аргентинец е повеќе ветувачки играч од неговиот тимски колега Мауро Икарди. Мартинез се пресели во Интер пред една година од Аргентинскиот клуб Расинг за 22 милиони евра, а износот кој е ставен како откупна клузула е во висина од 112 милиони евра.
Во сезоната 2018/19, младиот напаѓач постигна 9 гола и имаше 2 асистенции во 35 натпревари за Интер во сите натпреварувања. Под водство на новиот селектор Лионел Скалони, Мартинез постигна 5 гола во 9 натпревари. Мартинез беше стрелец на голот против Венецуела што ја однесе Аргентина во полуфиналето на Купа Америка 2019.