Шпанскиот гигант Барселона е подготвен да даде понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд, кој треба да чини 100 милиони фунти.
Каталонците имаат интерес за 21-годишниот фудбалер, а тој е првиот на листата на желби за оваа позиција, вели весникот „Мирор“.
Договорот на играчот со Манчестер Јунајтед е до 30 јуни 2020 година, но од „Олд Трафорд“ се подготвени да му понудат нов договор со подобрена плата од 300.000 фунти неделно, што треба да го убеди да остане.
Во оваа сезона, младиот напаѓач има 41 натпревар за Манчестер Јунајтед, во кој постигна 13 гола и 6 асистенции.