Раководството на Барселона продолжува да бара начини за разделба со нивното најскапо засилување односно купување, Филипе Кутињо.
Весникот „Спорт“ тврди дека од „Камп Ноу“ исто така сакаат да го продадат или позајмат овој играч на некоја екипа. Баерн (Минхен) има намера да ја повтори шемата со Хамес Родригез. Колумбиецот пристигна на „Алијанц Арена“ за две сезони, по што Баварците се откажаа од можноста да ги купат неговите права.
Во Барселона се согласуваат на таква опција за да се ослободат од високата плата на Кутињо и да му дадат уште една шанса да настапи и тоа далеку од Каталонија. Другата опција е едногодишна позајмица со задолжителна клаузула за откуп.