Напаѓачот на Манчестер Сити и Аргентина, Серхио Кун Агуеро може да продолжи кариера во Барселона, пренесува „Кадена Сер“.
Според изворот, неколку кандидати за претседател на каталонскиот клуб веќе контактирале со менаџерите на аргентинскиот фудбалер.
Забележано е дека Агуеро е подготвен да се пресели во Барселона. Актуелниот договор на Агуеро со Манчестер Сити важи до 30 јуни 2021 година, така што Каталонците можат да го добијат играчот бесплатно, што е важно со оглед на тешката економска состојба во клубот.
Трансферот на Агуеро во Барселона исто така може да го натера напаѓачот Лионел Меси да одлучи да остане и да го обнови договорот со каталонскиот клуб. Да потсетиме дека Агуеро и Меси се добри пријатели, а од друга страна договорот на Меси со Барселона важи исто така до 30 јуни 2021 година, а Меси минатото лето најави дека саа да замине од Барселона.