Шпанскиот гигант Барселона забележа интересно достигнување во шпанскиот шампионат по синоќешната победа над Осасуна со 2:0 со головите на Жорди Алба и Илаиш Мориба.
Барселона стана првиот тим во историјата на шпанскиот шампионат во кој постигнале гол три играчи на возраст под 19 години во една сезона.
За време на оваа сезона во листата на стрелци кај Барселона се запишаа 17-годишниот Ансу Фати и 18-годишните Педри и Мориба.

