Барселона во следниот период ќе инсистира на продолжување на договорот со Алекс Балде. Според шпански извори, клубот сака да му понуди на 20-годишниот дефанзивец договор до најмалку 2027 година со изгледи за зголемување на платата и клаузула за заминување во висина од 1 милијарда евра.
Сепак, ограничувањето на платите поради финансиските проблеми на Барселона може да биде пречка за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Балде со Барселона е до јуни 2024 година.