Раководството на Барселона му даде понуда на Интер за напаѓачот Лаутаро Мартинез , пренесува „Газета дело Спорт“.
Најновата понуда 80 милиони евра и тројца одбрани играчи, меѓу кој е и Нелсон Семедо. Од Интер сеуште се немаат согласено за ваквата понуда, затоа што сакаат да добијат 111 милиони евра, што се наведени во договорот на 22-годишниот Аргентинец.
Останува да видиме дали можеби понудата на подобри играчи како замена може да го натера Интер да се предомисли и д ај а прифати понудата на Барселона. Според раководството на Интер, уште една година под водство на тренерот Антонио Конте, Лаутаро ќе може да напредува и да се покаже уште подобро и да ја зголеми својата вредност.
Во досегашната сезона, Лаутаро постигна 16 голови и даде 4 асистенции на 31 натпревар од сите натпреварувања на клупско ниво.