Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона убедлива на последната контрола во Азија, Рашфорд го постигна својот деби гол
    Фудбал

    Барселона убедлива на последната контрола во Азија, Рашфорд го постигна својот деби гол

    risteBy riste04/08/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Новиот напаѓач на Барселона, Маркус Рашфорд, постигна еден од головите во победата на Каталонците од 5:0 над Даегу во Даегу.

    Тоа беше и крајот на азиската турнеја за Барселона, која ќе игра во Купот Жоан Гампер на 10 август против италијанскиот тим Комо, а на 16-ти овој месец ја отвораат сезоната во Ла Лига со гостување против Мајорка.

    Екипата на Ханзи Флик го отвори резултатот во 21-та минута преку Гави, кој доби асистенција од Ламин Јамал и ја упати топката во десниот агол од голот од работ на шеснаесетникот.

    Само шест минути подоцна, Роберт Левандовски го зголеми водството на Шпанците.

    Во продолжението од првото полувреме, Гави го постигна својот втор гол на натпреварот, по додавање од Жил Кунде.

    На полувремето, Ханзи Флик го смени целиот тим, а во 55-тата минута, 17-годишниот Тони Фернандес го зголеми резултатот на 4:0 по убава комбинација помеѓу Дени Олми и Маркус Рашфорд.

    Во 65-тата минута, англискиот интернационалец Рашфорд го постигна својот прв гол за новиот тим, примајќи ја топката од Ерик Гарсија.

    PHOTO: FCBarcelona

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.