Барселона треба да го објави назначувањето на Чави за свој тренер во текот на утрешниот ден, објавија медиумите во Шпанија. Позитивен резултат даде денешната средба во Катар меѓу претставниците на Ал Сад и Барселона.
Чави ќе пристигне во Барселона во текот на викендот и ќе биде претставен на почетокот на неделата како нов тренер на првиот тим. Неговото деби ќе го има на 20 ноември против Еспањол. Беше објавено дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не дошол на разговорите во Катар.
Влијателниот шеик кој е сопственик на клубот Ал Сад сакал лично да се сретне со Лапорте за да разговараат за иднината на Чави. Актуелниот договор меѓу Чави и Ал Сад е до 2023 година. Во исто време беше објавено дека Шпанецот има договор со раководството на катарскиот клуб, според кој ќе биде ослободен доколку добие понуда од некој од врвните клубови.