Шпанксиот шампион Барселона и англискиот тим Ватфорд постигнале договор за крило Жерар Делофеу во вредност од 13 милиони евра плус бонуси, објави весник „Спорт“.
Играчот ја започна минатата сезона со Каталонците, од чија школа и потекнува, но во зимскиот трансфер период се пресели во англискиот тим со позајмица.
За Ватфорд одигра седум натпревари, а постигна и еден гол. Договорот се очекува да биде официјално објавен следната недела.