Барселона го пречекува Олимпик Лион на својот „Камп Ноу” во овој реванш натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар двата тима не дојдоа до погодок и преднос и завршија со 0:0. Па затоа и двете екипи ги задржуваат шансите да се надеваат на успех и да продолжат понатаму. Барса ќе ја има предноста затоа што игра на свој терен пред своите навивачи, но каталонците ќе мора да бараат задолжителна победа. Во меѓувреме, Олимпик Лион знае дека може да продолжи понатаму дури и со нерешен резултат, но само со постигнат гол.
Сепак, Барселона останува голем фаворит на денешната средба. Шпанскиот шампион има сериозни амбиции да го освои ова натпреварување, тоа посебно е нагласено сега кога за конкуренти ги нема Реал Мадрид и уште еден од фаворитите на Пари Сен Жермен. Статистиката исто така е на страната на Барселона. Шпанците ги добија сите три натпревари против Олимпик Лион на свој терен. Во нив, тие постигнаа 10 гола и примија само 2 гола. Всушност, ниту еден француски тим никогаш не успеа да ја задржи „сува” мрежата на натпревар одигран на „Камп Ноу“ во Лигата на шампионите. Во 9 вакви случаи, само ПСЖ можеше да замине без пораз играјќи двапати нерешено 1:1 (во 1995 и 2013 година).Барселона и Лион се два од ретките тимови кои останаа непоразени до денес во текот на оваа сезона на ЛШ. Французите, сепак, се наоѓаат во неверојатна серија од шест последователни нерешени средби, со што се изедначуваат со АЕК (Атина) и Глазгов Ренџерс. И двете екипи немаат посебни кадровски проблеми пред денешната средба. Во Барселона, ќе ја следат состојбата на Осман Дембеле и Томас Вермелен, кои се неизвесни, но со реални шанси да се појават на теренот. Само Рафиња целосно не е во сметките на тренерот Ернесто Валверде.Во Лион проблемите се поврзани со двајца играчи. Амин Гоури нема да настапи поради повреда на коленото додека Марсело исто ја санираше повредата, но се чувствува подобро и може да биде во комбинација за оваа средба.
БАРСЕЛОНА – ОЛИМПИК ЛИОН. Можни состави: БАРСЕЛОНА: Тер-Штеген, Роберто, Пике, Ленгли, Алба, Ракитиќ, Бускетс, Артур, Меси, Суарез, Кутињо. ОЛИМПИК ЛИОН: Лопез, Дубоа, Денајер, Марсело, Менди, Тусар, Ндомбеле, Депај, Фекир, Ауар, Дембеле.Стадион: „Камп Ноу“. Судија: Шимон Марчињак (Полска)