Барселона повеќе не ја интересира бразилскиот интернационалец и репрезентативец од екипата на Челзи, Вилијан, објави „Мундо Депортиво“.
Според овој извор, каталонскиот клуб повеќе не го смета Бразилецот како трансферна цел за нив, бидејќи тој ќе има 32 години следното лето. Барселона се обиде да го купи Вилијан во летото 2019 година, но не успеа да се договори со Челзи за износот на трансферот.
Да потсетиме, Вилијан не може да се договори со Челзи за да го продолжи договорот, кој му истекува на крајот на оваа сезона. Клубот му понуди двегодишен договор, но Бразилецот сака да потпише договор на три години.
Оваа сезона, 31-годишниот Вилијан учествуваше на 27 натпревари од англиската Премиер лига, во кои беше стрелец на 4 гола и имаше 4 асистенции.
