Барселона загуби во натпреварот од 32. коло на шпанската Ла Лига од Кадиз (0:1). Овој пораз беше прв за избраниците на Чави во шпанското првенство од 4 декември 2021 година.
Тогаш екипата ан Барселона загуби на домашен терен загуби од Бетис (0:1). По овој натпревар, Барселона остана без пораз во Ла Лига цели 15 натпревари. За тоа време, Каталонците успеаа да победат на 11 натпревари и да одиграат нерешено на 4 натпревари.
Барселона има 60 бодови од 31 натпревар и се наоѓа на второто место во шпанската Ла Лига. Во следното коло од шампионатот на Шпанија, Барселона на 21 април гостува кај Реал Сосиедад. Во 1/4 финалето од Лига Европа, тимот предводен од Чави загуби со вкупен резултат 3:4 од германски Ајнтрахт Франкфурт.