Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона загуби во стартен натпревар од ЛШ по цели 24 години
    Фудбал

    Барселона загуби во стартен натпревар од ЛШ по цели 24 години

    risteBy riste15/09/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Шпанскиот гигант Барселона го загуби првиот натпревар во групната фаза на Лигата на шампионите, првпат по цели 24 години.

    Избраниците на Роналд Куман на домашен терен загубија од Баерн Минхен со резултат 3:0 во средбата од 1.коло од групната фаза на најпрестижното европско натпреварување. Последен пат тоа се случи во сезоната 1997/1998 година, кога Каталонците загубија со 2:3 од Њукасл Јунајтед на гостински терен.

    По средбата со Баерн, екипата на Барселона е на последното место во групата Е, без освоен бод. Во вториот натпревар од оваа група Динамо Киев одигра нерешено со Бенфика (0:0).

    Во следниот натпревар од групната фаза, Барселона во Португалија ќе игра против Бенфика. Натпреварот ќе се одигра на 29 септември.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар донесе четири нови засилувања

    14/08/2022

    ПСЖ му нуди нов едногодишен договор на Меси

    14/08/2022

    Јувентус брза да го затвори трансферот на Депај

    14/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кадетите го освоија првото место во Рига
    • МЗТ Скопје А. и Војдан Стојановски ја продолжија соработката
    • Вардар донесе четири нови засилувања
    • ПСЖ му нуди нов едногодишен договор на Меси
    • Јувентус брза да го затвори трансферот на Депај
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.