Австралијката Ешли Барти е првата финалистка на Австралија опен. Тааво првото полуфинале денеска ја декласираше Медисон Кејс и САД со 6:1, 6:3.
Барти е двократна Грен слем шампионка (Ролан Гарос 2019, Вимблдон 2021), а за трет трофе ќе се бори со подобриот од второто полуфинале меѓу Ига Свјатек и Даниел Колинс.
Пред две години Барти играше во полуфиналето во Мелбурн, а сега стигна скалило погоре. Таа во досегашниот тек на турнирот нема загубено сет.