Светскиот рекет број еден, Австралијката Ешли Барти, извојува убедлива победа во четвртфиналниот меч на Австралија опен, против Американката Џесика Пегула и се пласираше во полуфиналето. Барти експресно ја доби 21-та на ВТА ранг-листата во два сета: 6:2, 6:0, за само еден час игра.
Нејзина противничка во следната рунда ќе и биде американската тенисерка Медисон Кејс која прва обезбеди полуфинале, откако утрово по два сета со 6:3, 6:2 ја совлада четвртата тенисерка во светот, Барбора Крејчикова.
Кејс која моментно е 51. тенисерка во светот, победата ја оствари за час и 25 минути.