Ешли Барти по 44 години и ја донесе првата титула на Австралија на тенискиот турнир во Мелбурн. Таа во финалето на првиот сезонски Грен Слем ја совлада Даниел Колинс од САД со 2-0 по сетови 6:3 и 7:6.
Последен пат домашната публика можеше да се израдува на победата на Кристин О’Нил во 1978 година. Барти со денешната победа го продолжи максималниот ефект во финалињата на гран слем турнирите.
Во три настапи има исто толку победи (Ролан Гарос 2019, Вимблдон 2021 и Австралија Опен 2022). Во нејзината ризница недостасува само пехарот од Oтвореното првенство на САД.