Првата ѕвезда на фудбалскот состав Барселона, Лео Меси, кариерата ќе ја заврши во тимот од Шпанија, порача првиот човек на Каталонците, Хосеп Марија Бартоме. Аргентинецот кој од 13 години го носи дресот на Барса, во тековнава сезона ја има и улогата на прв капитен.
„Не сака да си замине. Секогаш му велиме дека може да биде човек кој играл само за еден клуб во кариерата“ – рече Бартоме во изјавата за – „Тајмс“.
Меси има тековен договор до 2021-та кога ќе има и полни 34 години. За него се појавија информации дека во финишот на кариерата сака да се врати во татковината и да заигра за неговиот омилен клуб -Њуелс Олд Бојс.