Претседателот на Барселона, Joзеп Бартомеу ја објави на радиото СОРЕ очекуваната вест дека е тренерот Кике Сетиен добива отказ.
Се очекува денеска официјално да биде потврдено од каталонскиот клуб оваа информација. Позицијата на Сетиен беше целосно разнишана по понижувачкиот пораз од 2:8 на Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Спортскиот директор Ерик Абидал, кој го бранеше Сетиен до крајот, исто така се очекува исто така да се раздели со својата работа во клубот. Фаворит за местото на Сетиен е поранешниот фудбалер на тимот Роналд Коман, кој во моментов е селектор на Холандија.
Весникот „Марка“ пренесува дека Куман веќе е забележан на аеродромот во Барселона, а објавија и видео. Куман (57) работеше како помошник тренер во Барселона од 1998-2000 година, по што започна самостојна кариера.