Претседателот на Барселона, Хосеп Бартомеу зборуваше за преговорите со Интер за трансферот на напаѓачот Лаутаро Мартинез, а исто така изрази уверување дека главната ѕвезда на тимот Лионел Меси ќе остане во редовите на Каталонците.
„Преговаравме со Интер за Лаутаро, но сега сè е во ќорсокак. Нашиот фокус е на Лигата на шампионите, што за многу кратко време. Што се однесува до Меси, тој повеќе од еднаш изјави дека сака да ја заврши кариерата во Барселона, па не се сомневам дека ќе го продолжи договорот. Имам исклучително близок однос со него, како и со другите лидери на тимот“, истакна Бартомеу во изјава за „Мундо Депортиво“.
Медиумите објавија дека Барселона веќе ги договорила деталите за личнитот договор со Мартинез. Договорот треба да биде за пет години, додека платата на играчот би била 12 милиони евра годишно.