Фудбалерите на Башкими се последниот учесник во Првата македонска фудбалска лига за следната сезона. Денеска во Кавадарци во бараж натпреварот за опстанок/пласман во ПМФЛ, екипата на Башкими успшеа да го совлада досегашниот прволигаш Беса со 2:0.
Саити го отвори резултатот со гол во 31. минута, додека конечните 2:0 ги постави Алексовски во завршницата на мечот.
Покрај Башкими нови прволигаши се и Македонија ЃП и Арсими.

