Раководството на шпанскиот елитен состав, Атлетик Билбао, има намера да го врати напаѓачот, Фернандо Љоренте, објави – „Мирор“.
33-годишниот фудбалер кој е закован на клупата за резерви во Тотенхем, започна како стартер во само 3 од вкупно 22-два кој ги одигра неговиот тим во тековнава сезона. Љоренте е клупска легенда за тимот од Билбао бидејќи ја започна кариерата на „Сан Мамеш” и за 8 години во првиот состав одигра 327 натпревари во кои постигна 111 гола.
Поранешниот шпански репрезентативец ги напушти Баскијците во 2013 година откако одби да потпише нов договор.