Централниот бек на Интер, Алесандро Бастони изјави дека преговорите за нов договор меѓу него и клубот се одвиваат нормално. 23-годишниот италијански репрезентативец има договор со „нероаѕурите“ до крајот на следната сезона.
„Нема проблем со мојот нов договор, се оди според планот. Преговараме со клубот, но тоа е работа на мојот агент. Тој има што да разговара со клубот и разговорите се во тек”, изјави Бастони пред вечерашниот четвртфинален меч од Лигата на шампионите меѓу Интер и Бенфика кој се игра во Лисабон.
Бастони оваа сезона има 32 настапи за Интер во сите натпреварувања и имаше пет асистенции.