Македонскиот одбјкарскиот шампион во женска конкуренција ОК Работнички подготвен го очекува својот шрв настап во ЦЕВ Лигата на шампиони 2024.
Одбојкарките на Работнички утре ја пречекуваат екипата на Волунтари 2005 од Романија. Гостинските одбојкарки с еголеми фаворитки пред оваа средба, но нашите одбојкарки се надеваат на добра игра на оваа средба. Во нашето студио гостин беше , одбојкарката на Работнички, Антонија Баталаковска кој ни ја пренесе атмосферата во екипата.
„Навистина е голем предизвик за нас овој настап во ЦЕВ лигата на шампионите и овој двомеч со Волунтари од Романија. Минатата година одигравме два натпревари со екипа од Романија во рамките на ЦЕВ Купот и тоа беше големо искуство за нас. Секако и настапите со репрезентацијата на Македонија ни помагаат да добиеме поголемо искуство пред овие натпревари. Се надеваме дека публиката во Струмица ќе дојде да не бодри на овој натпревар од кој треба да добиеме уште поголемо искуство. Противникот е голем фаворит, но ние ќе се обидеме со максимална борбеност да дојдеме до што е можно подобар резултат иако сме екипа составена од млади одбојкарки“ рече Антонија Баталаковска.
Екипата на Работничкки својот натпревар со Волунтари ќе го игра утре (среда) со почеток во 19 часот во салата Парк во Струмица.

