Лаутаро Мартинез и Хулиан Алварез може да играат заедно во нападот на Аргентина, нагласи некогашниот фудбалски репрезентативец на „гаучосите“, Габриел Батистута, во последното интервју.
„Ги сакам двајцата. Тоа е убав проблем за Скалони. Не знам како ќе го направи изборот“ – изјави поранешниот фудбалер на Фиорентина, Рома и Интер.
„Веројатно би можеле да играат заедно но, едниот ќе мора да излезе од зоната на комфор“ – потенцираше Батистута.

